Честитка од премиерот Заев за приемот на Црна Гора во НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до неговиот црногорски колега Душко Марковиќ за приемот на Црна Гора во НАТО.

– Во име на граѓаните и на Владата на Република Македонија им честитам на граѓаните и на Владата на Република Црна Гора за огромниот исчекор кон демократскиот свет, преку интеграцијата на вашата држава како 29. полноправна членка на НАТО Алијансата. Примерот што го дава Црна Гора е порака дека ако има политичка волја и граѓанска свест за важноста на потребните реформски процеси, тогаш нивното исполнување се реализира со потребната динамика и тоа ги отвора перспективите и за луѓето и за државата, се вели во честитката од Заев.

Овој сигнал на отворени врати на НАТО, се додава, е силна мотивација за новата Влада на Република Македонија што ја предводам, да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото и вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според НАТО стандардите, во најкус можен рок да ја обезбеди атлантската иднина и на Република Македонија.

– НАТО е пред се сојуз на демократии и граѓаните на Македонија, како и граѓаните на Црна Гора и на целиот регион, имаат потреба да бидат дел од цивилизираниот свет што носи стабилност и безбедност како во нашите држави, така и во светот, се нагласува во честитката од премиерот Заев по повод приемот на Црна Гора во НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени