Честитка од премиерот Заев по повод националниот празник на НР Кина

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска по повод кинескиот национален празник упати честитка до премиерот на Државниот совет на Народна Република Кина Ли Кечианг.

– Ми претставува особена чест и задоволство, во име на Владата на Република Македонија и во мое лично име, да ви го честитам националниот празник на вашата земја и да ви упатам искрени желби за сестран напредок и благосостојба на пријателска Народна Република Кина. Би сакал да го изразам своето уверување дека нагорниот тренд на развојот на односите, искрениот дијалог и размената на средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, и натаму ќе продолжи, вели Заев во честитката.

Искрено се радувам, додава македонскиот премиер, на нашата средба во ноември во Будимпешта за време на претстојниот 6-ти Самит на шефови на држави и влади во рамките на соработката на НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа, како и за можноста прв пат да се сретнеме и непосредно да размениме мислења за нови перспективи за натамошното унапредување на севкупната соработка меѓу нашите пријателски земји.

Би можело да ве интересира

Кина: Растечките тензии околу Иран се закануваат да го турнат Блискиот Исток во конфликт

Царините на Трамп не ја запреа Кина, извозот руши рекорди

Пекинг ја притиска Европа, голем број земји добија предупредувачко писмо

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ е потребна на Америка, туку на Кина, и затоа го уапсивме Мадуро

Си Џинпинг со остра порака: Меѓународниот поредок е под закана

Кина ги обвинува САД дека се однесуваат како „светски судии“