Честитка од премиерот Груевски до припадниците на ромската заедница

Од:

Премиерот Никола Груевски на припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија денеска им го честита Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

– Овој празник е добра можност да ги одбележиме културните специфики и вредности на ромската заедница во Република Македонија, која има долга традиција и континуитет во нашата земја и претставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество. Ромите како заедница, и како поединци, придонесуваат во развојот на нашата држава во секоја сфера од општествениот живот, и се учесници во економските, политичките, културните, образовните, спортските и останатите збиднувања, стои во честитката на премиерот.

Република Македонија уставно, законски и во пракса, како што е наведено, ги гарантира и реализира политичките права на ромската заедница на највисоко ниво во светски рамки, и токму тој воспоставен модел обезбедува Владата да продолжи искрено и посветено да работи на понатамошно унапредување на условите за развој и напредок на ромската заедница на полето на политиката на домување, едукацијата, здравството, културата, вработувањето и сите останати полиња за реализација на потенцијалите на припадниците на оваа заедница.

– На тој начин на дело се остварува промовирањето на единството на државата, разбрана пред се како заедница на рамноправни, образовани и напредни граѓани кои придонесуваат за својата држава и кои заеднички работат за успешна, модерна и просперитетна Република Македонија. Во тој дух сите заедно сплотени и обединети да продолжиме да работиме на економскиот раст и развој, на подобрување на стандардот на граѓаните и на реализација на нашите европски и евроатлански интеграции, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски