Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за празникот Водици

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот празник Богојавление Христово – Водици.

– Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности, стои во честитката.

Светлината на големиот празник Богојавление Христово – Водици со својата духовност, значење и традиција, како што е нагласено во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсекогаш претставувал еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници во нашето православие кој треба да ни го осветли патот и да не научи заеднички да се радуваме, да живееме и да работиме бидејќи само така ќе ја постигнеме нашата цел, а тоа е успешна, силна и модерна Македонија.

– Негувајќи ја традицијата и духовното наследство, ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е толеранција, разбирање и обединување на сите граѓани на Република Македонија, се вели во честитката.

Пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на верниците од православна христијанска вероисповед посакуваат овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела