Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за празникот Курбан Бајрам

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и на сите останати граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

– Ова е денот кога ги зацврстуваме и истакнуваме вредностите на толеранција, заедништво и хуманост, но и кога ги одржуваме и унапредуваме човечките и меѓукултурните односи кај луѓето. Ова е денот кога обединети и со заеднички сили покажуваме меѓусебно почитување на верските разлики и упатуваме силна порака дека заедно можеме да градиме цврсти врски на соживот и меѓусебно разбирање бидејќи само така ќе успееме да создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава, се вели во честитката.

Во духот на овие вредности, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот