Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за празникот Богојавление

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод големиот христијански празник Богојавление упати честитка  до сите православни христијани.

Одбележувајќи го овој голем празник, се вели во честитката, ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности

– Само така негувајќи ја традицијата, почитувајќи ги религиозните и културните посебности ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е силна и успешна Македонија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на верниците од православна христијанска вероисповед им посакува овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности, наведува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела