Честитка од ОБСЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април

Од:

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет денеска упати честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

– Мисијата смета дека одржлива демократска иднина може да се постигне само со развој на општеството низ вклучување на сите заедници, порачува Брет во честитката.

Меѓународниот ден на Ромите, додава тој, ни служи нам кои што работиме во оваа област да не потсети на нашите мандати и на обврските на земјата во однос на Ромите.

Брет истакнува дека Мисијата го охрабрува и го поддржува мулти-агенцискиот пристап, што има за цел да ги подобри условите за живот на ромската заедница и да им овозможи да ги остварат целосно своите права.

– Овој ден не треба да биде само ден во годината кога се прави осврт на предизвиците со кои се соочуваат Ромите, туку треба сите да не потсети дека престои  уште многу работа што треба да се направи во многу области како што се меѓу другите граѓанското евидентирање на неевидентираните лица, вработувањето, образованието, домувањето и здравството, истакнува шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија