Честитка од МД „Илинден“ по повод Илинден

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.

– Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Република Македонија,втори август и двата историски Илиндена, 115 години од Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна Република Македонија, стои во честитката.

Како што се додава, Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

– Да го почитуваме и славиме Денот на двата ИЛИНДЕНА, со почит, гордост и достоинство,како што му прилега на овој голем ден, е наведено во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ