Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод Илинден

Од:

Илинден – 2 Август е денот кој е белег на македонската борба за државност, слобода и непокорот на нашиот народ, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски во честитката по повод денешниот државен празник на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

– Денес Македонија ја слави и ја чествува борбата за слобoда и независност, која за првпат организирано се манифестираше на Илинден 1903 година во Крушево, кога со избувнувањето на Илинденското востание, ние Македонците и сите граѓани од сите заедници докажавме дека сме слободољубив народ, жеден за правда, еднаквост и просперитет, и тоа се и мотивите и постулатите кои го предизвикаа и врз кои се реализираше вториот Илинден 1944 година кога во манастирот Св. Прохор Пчински нашите предци со сопствени сили, жртви и залагања ја создадоа долго очекуваната и со борба исткаена сопствена модерна македонска држава.

Македонија низ историјата опстојала поради својата цврста желба за слобода и независност, еднаквост помеѓу народите и почит кон ближниот. Ние секогаш сме го почитувале другиот, но никогаш не сме дозволиле некој да го негира и оневозможува нашето постоење, и токму тие карактеристики не однесоа и на страната на победничката антифашистичка коалиција во Втората светска војна.

Драги сограѓани, пред нас е нова борба, борба за современа, просперитетна и економски напредна Македонија, рамо до рамо со останатите европски држави. Ако борбата на нашите предци беше создавање на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме и да и го трасираме патот кон економски напредок и просперитет, кон НАТО и ЕУ, каде природно припаѓаме. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, тој пат ќе се соочиме со многу предизвици, искушенија и создадени дилеми, но јас сум сигурен дека тој пат ќе го завршиме со победа и успех опстојувајќи на нашите вредности и идентитетски карактеристики кои нас не дефинираат, и на нашата почит кон граѓаните кои ни ја даваат поддршката во изминатите 10 години. Во таа модерна битка ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секогаш на страната на народот, со новата сила и нова енергија, со прецизна стратегија и со силен мотив да се реализираат заложбите на Илинден за слободна, самостојна и силна Република Македонија. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е Вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност! Нека е вечна нашата татковина Македонија!, се наведува честитка од Никола Груевски по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Директорка на ДИЦ Наумовска поништила испит на 111 кандидати за директори спротивно на законот

Ана Ололовска

Петкова: Се уште нема разрешница за скандалот со 10-месечното бебе во Гевгелија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Тежок скандал – Криминалци избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, Спасовски оставка веднаш

Ана Ололовска

Мицкоски: „Херојски“ криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Во енергетиката се случува „распад ситем“

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Што треба да се случи друго за Спасовски да си поднесе оставка

Ана Ололовска