Честитка од лидерот на ДУИ до христијанските верници по повод Велигден

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка до христијанските верници по повод големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден.

– Почитувани христијански верници, дозволете ми во името на сите членови и поддржувачи на Демократската унија за интеграција и во мое лично име да им упатам честитка на сите верници од христијанска вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден и да Ви посакам многу здравје, благосостојба и мир, се вели во честитката.

Исто така, се нагласува, посакувам да токму овие празници не зближат повеќе со албанската христијанска заедница во Македонија која одбележува контуинирано враќање кон своите национални корени за да можеме заедно да ја зајакнеме оваа заедница за заедничка подобра иднина.

– Посакувајќи им се најдобро Ви посакувам да овој голем празник до одбележите и славите заедно со Вашето семејство во благосостојба и во добро здравје, се додава во честитката од Ахмети до христијанските верници.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он