Честитка од Иванов за Денот на народното востание

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните на Македонија по повод Денот на народното востание, истакнувајќи дека прославата на 11 Октомври е уште една можност да се присетиме и да им се заблагодариме на сите знајни и незнајни херои од НОБ, кои ги дадоа своите животи за слободата на земјава.

„Благодарение на нив денес можеме слободни, свои на своето, сами да ја градиме и да решаваме за својата иднина. На овој светол празник уште еднаш да се потсетиме дека Македонија била, е и секогаш ќе биде на страната на прогресот, демократијата и слободата. Оттука, нашето членство и припадноста во евроатлантските структури, како репери на денешниот напреден свет е сосема природно и заслужено“, пишува во честитката на Иванов.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак