А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од Иванов до новиот претседател на Европскиот парламент Тајани

by А1он19/01/2017 - 11:18113
Share0

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со честитка до Антонио Тајани по повод неговиот избор за претседател на Европскиот парламент, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

Добивај вести на вибер

– Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската Унија се потребни повеќе од секогаш. Регионот на Југоисточна Европа исто така се соочува со предизвици и со ретроградни процеси. Токму, поради тоа мотивирачката енергија на Европската Унија е исклучително важна за нашиот регион. Ја користам оваа пригода да ја искажам благодарноста на Република Македонија за досегашната поддршка од Европскиот парламент и да Ве уверам дека ние сме подготвени да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа и на Европската Унија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.

Иванов нагласува дека членството во Европската Унија за Република Македонија претставува највисока стратегиска цел.

– Тоа e изборот на граѓаните на Република Македонија и тој избор ужива широка политичка, етничка и социјална поддршка и има силна обединувачка моќ во нашето општество. Токму затоа во време на Вашиот мандат очекувам и се надевам што поскоро да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Секое натамошно пролонгирање на овој процес, како и досега, можно е, за жал, сериозно да влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и на компромиси, порачува Иванов во честитката.

epivanov

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска24/05/2023 - 08:21

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска25/03/2021 - 14:25

Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Ана Ололовска25/03/2021 - 12:25

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска24/03/2021 - 08:4024/03/2021 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен