Честитка од Груевски по повод Рамазанските пости

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, по повод започнувањето на Рамазанските пости.

Во честитката Груевски, лично и од името на ВМРО-ДПМНЕ, им го честита започнувањето на Рамазанските пости на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија.

– Деновите на светиот месец Рамазан се од големо значење за исламските верници, тие носат мир во душата, хармонија, проштевање и разбирање. Правењето добри дела, помагањето помеѓу луѓето, молитвата и посветувањето на Бога се вредности на ова Ваше празнување, но се и универзални вредности почитувани од многу луѓе, како и од многу религии. Колку повеќе ги почитуваме, толку подобар и посреќен ќе биде нашиот живот и општеството во кое живееме, наведува во честитката.

Соживотот на разните религии кои живеат во нашата земја, додава, да придонесе кон натамошно засилување на почитта и соработката и да помогне со заеднички сили да продолжиме да работиме посветено и одговорно кон унапредувањето на можностите во сите општествени сфери, на растот на економијата и подобрувањето на секојдневието на луѓето и на напредокот на Република Македонија.

– Токму затоа, Ви посакувам лесен пост, радосни празнични денови и ваквите особини да Ве следат во целата година и за целиот Ваш живот, пишува во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он