Честитка од Форумот за демократска Македонија по повод Илинден

Од:

„Форумот за демократска Македонија (ФДМ), заедница на иселеници од Република Македонија, им го честита празникот Илинден на сите граѓани во земјата и на сите иселеници, каде и да се.

Овој празник обележува два од најсветлите мигови во македонската историја: втори август, 1903 и 2 август 1944. Илинденците во 1903, без оглед на етничките, верските и идеолошките разлики, поведоа заедничка борба за слободна и демократска држава и ја формираа Крушевската Република, додека борците од НОБ на 2 август, 1944 на Првото заседание на АСНОМ, ги удрија темелите на современа Македонија.

Нивните наследници, граѓаните на денешна Македонија, денес се соочени со бројни предизвици. Борбата заснована на демократски вредности не е лесна, но мора да продолжи. Еден од нејзините клучни елементи е дозаокружувањето на државноста со пристапување во организациите на западните демократии.

Како заедница на иселеници, ги повикуваме граѓаните на нашата земја да истрајат во напорите за соживот во слободна, напредна и успешна држава. Исто така, ги повикуваме да ги сочуваат идеалите на Крушевската Република и АСНОМ, со остварување на сонот за призната и рамноправна држава во семејството успешни и напредни држави, денес и за наредните генерации“, се вели во честитката од Форумот за демократска Македонија по повод Илинден.

Би можело да ве интересира

Промовирање на програмата на 9. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

ФДМ реагира по повод случувањата на почетокот на претседателската кампањата

Форумот за демократска Македонија се повлекува од Националната стратегија за соработка со дијаспората

Ана Ололовска

ФДМ: Законот за амнестија не е акт на помирување, туку замена за поддршка за уставните измени

Наум Локоски

ФДМ: Бегството на Груевски укажува на неспособноста на Владата и институциите

Ана Ололовска

ФДМ организираше вечер посветена на македонското културно наследство во Вашингтон

Ана Ололовска