Честитка од Џафери по повод празникот Свети Климент Охридски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.

– Основоположникот на Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности. Создавањето на кирилицата и ширењето на писменоста е светол пример на чување и унапредување на наследството за сите народи, се наведува во честитката.

Во неа се додава дека чествувањето на секој празник е добра можност да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање како и да си посакаме мир и благосостојба.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска