Демократскиот сојуз денеска упатичеститка до сите граѓани по повод новогодишните и божикните празници.
– Во новата година да се сплотиме и обединиме за да бидеме посилни и да ги оствариме нашите цели. Годината пред нас нека биде нов почеток за сите и да градиме култура на меѓусебно разбирање, заедништво и компромис за стратешките прашања, се вели во честитката од ДС.
Граѓаните на Република Македонија, се додава во неа, покажале дека се храбри и одлучни да ги промовираат и негуваат вредностите кои не обединуваат како нација, а особено грижата едни за други, солидарноста, вербата и одговорноста.
Веруваме, посочуваат од ДС во честитката, дека сите заедно можеме да постигнеме повеќе и да придонесеме за промени и посреќна иднина.