Честитка од ДОМ до Градот Скопје за зелената инвестиција

Од:

ДОМ го поздравува постигнатиот договор за заедничко вложување на Градот Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“ од Рим за модернизирање на депонијата на „Дрисла“ и изградба на фабрика за рециклирање на отпадот, што вчера го официјализираа градоначалникот Коце Трајановски и претставникот од менаџментот на италијанскиот партнер.

– Изразуваме задоволство поради фактот што со овој договор Градот Скопје и Македонија полека ја воведуваат зелената економија во индустријата и енергетиката, а со самото тоа се отвараат нови можности за инвестиции во зелената економија и нови зелени вработувања, за што ДОМ веќе неколку години наназад се залага и преку своите политики активно работи на нивно имплементирање, се вели во денешното соопштение од ДОМ.

Со реализацијата на овој проект, како што посочуваат од ДОМ, Градот Скопје добива многу бидејќи ќе се намали количеството на отпад во градот, ќе се збогатат енергетските капацитети на земјата, а со обезбедувањето на толинска енергија ќе се заштедат ресурси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски