Честитка од Бочварски по повод христијанскиот празник Велигден

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион и до сите верници од православната вероисповед.

„Дозволете ми на сите православни верници во Општина Штип, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот.

Да се живее спокојно, значи да се живее во мир и хармонија со семејството и своите сограѓани. Ова е период кога треба да покажеме трпеливост и мудрост, како што доликува на нас, достоинствените граѓани на оваа држава, кои се грижат за неа, се грижат меѓусебно едни за други и за своите идни генерации. Затоа имаме право да чекориме по патот на духовниот и општествениот развој.

Вербата за подобро утре е она што досега нè водеше. Одлучноста е она што ќе продолжи да нè води по патот на правдата и просперитетот, пат кој ќе придонесе за развој на нашата татковина. Ви пожелувам среќни празнични денови поминати во семеен мир, на сите вас кои го празнувате овој голем христијански празник“, стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски