Честитка од Ахмети до САД по повод 4 Јули-Денот на независноста

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до аериканскиот народ и властите по повод 238-та годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

– Уште од 4 јули 1776 година, американскиот народ е лидер во одбраната на демократијата и мирот. Ние, сите народи од Западен Балкан, но особено Албанците, сме благодарни за придонесот на САД во промовирањето на демократијата, градењето на одржлив мир и стабилност, стои во честитката.

Ахмети, меѓу другото, бара американска помош за евроатлантската интеграција на Македонија.

– Во овој случај, би сакал да ја повторам силната посветеност на мојот народ за зачленување во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ и да ве повикам да ни помогнете на ова патување толку важно не само за Македонија, туку и целиот Западен Балкан, се вели во честитката од Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански