Честитка на Заев за Прочка: Совеста ни го отвора вистинскиот пат

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати Честитика до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Синодот и претставниците на МПЦ, до сите граѓани кои го чествуваат денешниот голем христијански празник Велики поклади – Прочка.

„На вас и на сите граѓани кои денеска чествуваат Велики поклади – Прочка, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име, го честитам овој голем празник на духовно помирување и простување и пожелувам сите да го поминеме спокојно, во лична харомонија, со своите најблиски и семсјствата.

Историјата бележи низа индивидуални и колективни искушенија кои биле надминати благодарение на мудрите, вистинољубиви, правдољубиви граѓани кои покажале храброст со своето трпение, разбирање, толеранција, мудрост, искрена отвореност кон проблемите да дојдат до решение и спасение.

Денес кога се загрозени основните човекови вредности и права, генерациите на денешницата се пред уште едно големо искушение за надградба на потребната лична и општествена зрелост.

Повикувам да продолжиме по патот по којшто заедно и успешно тргнавме, да ги прекинеме до крај наметнатите поделби по каква било основа, да си подадеме рака: родители и деца, браќа и сестри, соседи и пријатели, без разлика на нашите верски, национални, политички или какви било други убедувања.

Тоа имаме обврска да го направиме како луѓе, почитувајки ја сопствената совест, којашто меѓу другото `не упатува на солидарност кога е во прашање одбраната на човековите права и одговорности“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел