Честитка до Евангелско-методистичката црква по повод Божик

Од:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Божик упати честитка до свештенството и верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија.

– Во овие возвишени и среќни празнични денови дозволете ми Вам лично, на свештенството и на верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод празникот раѓањето Христово-Божик. И оваа година го славиме Божик во духот на мирот и заедништвото, поттикнати од идејата за зачувување и негување на највисоките човечки вредности, во што особен придонес има Евангелско-Методистичката Црква, која во нашата земја како и во целиот свет ги афирмира највисоките духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници кон нивна подобра и посреќна иднина, се наведува во честитката.

Воедно, се додава, отварањето на срцата на милиони луѓе да ја примат божјата љубов која најмногу зрачи на овој ден, претставува вистински предизвик и мисија која треба сите заедно да ја остваруваме и негуваме понатаму.

– Раѓањето Христово е чудо над чудата, празник над сите празници. Денот на Неговото Раѓање е ден кога голема радост му се објави на светот. Прво скришно во пештерата во Витлеем, а потоа и во целиот свет одекна големата вест и ја поттикна верата осветлувајќи го секое човечко срце. Само преку божјата љубов и споделување на радосната вест за Христовото раѓање можеме да ги отвориме нашите срца и да го разбудиме духовниот извор на спасението. Секој од нас е божје чедо и ја поседува најголемата дарба, а тоа е да се радува на божјата љубов, стои во честитката.

Затоа, се додава, за време на Божик, во молитвите, да ја разбудиме бескрајната љубов која денес му се откри на човекот, и во духот на мирот и заедништвото да се исполниме со евангелска љубов и божикна радост. Да се поклониме пред новородениот Спасител и заедно со ангелите да запееме: „Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”. ХРИСТОС СЕ РОДИ!.

Би можело да ве интересира

Кејт Мери Бирнс ќе биде нова амбасадорка на САД во Македонија

Наум Локоски

Жител на Сопот почина во пожар

Емир Латифовиќ

Ограбени две цркви во Маврово

Емир Латифовиќ

Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта

Емир Латифовиќ

Демократски сојуз со божикна честитка

Емир Латифовиќ

Нормализиран сообраќајот за автомобили на патот Велес-Катланово

Емир Латифовиќ