Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Република Македонија.

– Нашата заедничка татковина Република Македонија, како врвен  приоритет го има поставено негувањето на различните културни специфики и традиции и во неа има место за секоја етничка заедница. Во нашиот богат и единствен мултикултурен мозаик неизбришливо е приуството на Бошњачката заедница која со својата традиција и култура го збогатува нашето секојдневие и разноликост, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Македонија како држава, вели Иванов, останува посветена на развивањето и унапредувањето на бошњачката култура и традиција, со цврста определба за нивна натамошна промоција, негување и заштита.

– Бошњаците како и другите етнички заедници секојдневно и безрезервно го даваат својот придонес во сите сфери на животот во Република Македонија со што придонесуваат за  економски развој и благосостојба на државата. Да продолжиме и понатаму заедно да градиме хармонија, просперитет и благодет за нас и за нашите потомци, се наведува во честитката од претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on