Полицијата ќе го „чешла“ работењето на екс-градоначалникот Петрески

Од:

Два месеци откако Александар Петрески замина од градоначалничката фотелја во Охрид, се повеќе се засилува притисокот врз барање одговорност за лошата финансиска состојба во која е наоѓа општина Охрид.

Надлежните државни институции, Јавното обинителство заедно со МВР и Финансиската полиција ќе го преисписпитуваат работењето на претходниот градоначалник на Охрид и локална власт поради постоење на основи за сомнение за криминал и корупција во работењето. Ова од Охрид го најави новиот директор на Бирото за Јавна безбедност Митко Чавков.

„Одредени состојби укажуваат на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт и екс градоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата“, рече Чавков.

Чавков имаше средба и со новиот охридски градоначалник Никола Бакрачески кој го информирал за активностите кои на тој план ќе ги превземе полицијата

„Целта на посетата и на состанокот беше еден општ разговор околу одредени состојби кои се индикативни и кои укажуваат на постоење на криминални активности во претходното работење со општина Охрид, односно поврзано со работењето на претходниот градоначалник.

– Утврдивме општи ориентации за работа и еден тимски пристап заедно со претставници на Финансиската полиција и претставници од други институции во Република Македонија. Веројатно многу брзо ќе го прошириме составот со претставници од Јавното обвинителство на Република Македонија, од Јавното обвинителство за организиран криминал и со колеги од СВР Охрид“, рече Чавков.

Неофицијално финансиската дупка во која се наоѓа општина Охрид е околу 40-50 милиони евра. Лоша е финансикста состојба и во сите јавни претпријатија во градот кои се под капа на општината.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он