Дваесетина новинари го пречекаа пред затворот Шутка новинарот Томислав Кежаровски кој експресно од својот дом беше однесен на издржување на казната.
Шокирани сме од брзината, непозната во историјата на македонското судство за така експресно да се спроведе казната. Сведоци сме дека високо високо профилирани личности кои имаат правосилни пресуди а сеуште се на слобода. Пресудата за Кежаровски беше објавена вчера, а не поминаа ни 12 часа тој е спроведен во затвор, рече Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
– Како новинари сме запрепастени и прашуваме што толку е опасен Томислав Кежаровски и зошто е опасно македонското новинарство па вака експресно набрзина и ноќе да се затвора, праша Чаусидис.