Чакаровски на работилница за сексуално и репродуктивно здравје

Од:

Заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски на денешната работилница посветена на сексуално и репродуктивно здравје, во организација на УНФПА, рече дека станува збор за значајно јавно-здравствено прашање, кое треба да биде земено предвид при активирање на Националниот план за справување со кризни или вонредни состојби.

– Министерството за здравство ја препозна значајноста на оваа област и со цел обезбедување навремен и соодветен одговор во услови на криза и хуманитарни катастрофи, во делот за подготовка на здравствениот систем за одговор во криза и кризна состојба, внесовме посебно поглавје, кое се однесува токму на оваа област. Истото е дел од Националниот план за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби, рече Чакаровски.

Во иднина, како што додаде, продолжуваме посветено да работиме на оваа област и на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, со цел достигнување здравствен стандард и пристапни и достапни услуги за сите лица, со посебен фокус на маргинализираните и вулнерабилните групи.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!