Чадиев најави проекти во инфраструктурата

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција најави дека проектите во инфраструктурата остануваат приоритет и во новата изборна програма.

– Вложувањата во комуналната инфраструктура за мене, кандидатите за советници и целиот мој тим и понатаму остануваат врвен приоритет. Во таа насока сакам да информирам дека и во новата програма предвидуваме голем број конкретни проекти преку кои вложувањата во инфраструктурата ќе бидат уште посилни, рече Чадиев.

Тој додаде дека во наредниот период планираат реконструкција на 47 улици и уредување на тротоари на најмалку пет улици. Вкупната инвестиција за реализација на овие проекти изнесува 61.100 илјади денари кои, како што посочи, ќе бидат обезбедени од Буџетот на општината. Во Програмата предвидена е и изградба и реконструкција на пат до селото Сливник и до селото Новачани, како и изградба на потпорни ѕидови онаму каде што е потребно.

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он