Чадеж: Од наредната година Србија, С. Македонија и Албанија со единствена работна дозвола

Од:

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

dobivaj vesti na viber

Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи.

-Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите, нагласи Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан и додаде дека иницијативата Отворен Балкан е клучна за опстанокот на економијата и работните места во Србија.

Тој најави дека на денешната средба ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија од различни области.

-Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла, истакна Чадеж.

Негова оценка е дека иницијативата опстојува иако премиерот Зоран Заев „го нема“ и Северна Македонија ќе ја претставува вицепремиерот Никола Димитров.

– Она што е добро од иницијативата е што администрациите учествуваат со полна сила. Имав можност да видам како се координираат и ние сме дел од тој координативен механизам за усогласување на сите договори – од работни дозволи до проток на стоки и навистина можете да видите колку јавната администрација во сите земји се обидува да направи што повеќе договори, рече Чадеж.

Би можело да ве интересира

Пријава на винарите од регионот за првиот саем за вино Отворен Балкан во Белград во септември

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ, ги поддржавме нашите пријатели

Катерина Павлова-Николовска

Рама: Албанија заради Отворен Балкан ќе ги укине сите царински такси за Косово

Ана Ололовска

Хоџај: Косово треба да се откаже од изолација и да стане дел од Отворен Балкан

А1он

ССК: Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“

Ана Ололовска

Од Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид: Продолжуваме со соработка за силен регион подготвен за членство во ЕУ

Ана Ололовска