„Цесната” се урнала на непристапен терен, нема услови за нејзино извлекување

Од:

„Цесната” што се урна вчера на Солунска Глава, при што загина семејство од Бугарија, се наоѓа на непристапен терен и засега нема услови да се извлече. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.

Како што информираат од обвининителството, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции утрово извршиле увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „цесна“ со четворица патници.

Притоа, по наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите патници ќе се врши обдукција од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа кај Солунска Глава кога мал авион од типот „цесна“ падна за време на на летот од Охрид за Софија. Како што пренесоа дел од бугарските медиуми, станува збор за бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.

Попладнето авионот се изгубил од радарскиот систем западно од Солунска Глава, а два полициски хеликоптера биле вклучени во потрагата по него. Остатоците од урнатата „цесна“ биле лоцирани на непристапен терен и голема височина, а поради лошите временски услови, потрагата беше прекината.

Бугарските медиуми објавија аудиоснимка од дијалогот што го воделе контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот „цесна“, кој вчера се урна кај Солунска Глава.

Според снимката, таткото на семејството, Георги Бошнаков, стапил во контакт со контролорите, откако почувствувал турбуленции додека управувал со леталото. Во еден момент контролорот го прашува Бошнаков дали сè уште има турбуленции, а тој вели дека нема, но дека има голем облак низ чиј процеп може да ја види земјата.

Пилотот на авионот што вчера се урна во регионот на Солунска Глава се соочил со лоши метеоролошки услови и 20-тина минути по полетувањето се обидел да се упати кон аеродромот во Скопје. Но, од засега неутврдени причини се урнал, пренесува бугарскиот портал „24 часа“.

49-гoдишниoот Гeоpги Бeшнoков и неговата сопруга Калина (47), како и Гергана и Билјана, на возраст од 14 и 18 години, се наоѓале во ,,цесната” кога се случила несреќата.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски