Церар: Неопходна е сета енергија за завршување на процесот во Парламентот

Од:

Сега сум оптимист. Порано бев умерен оптимист, но сега верувам дека со гласањето во Парламентот, кога беа собрани доволно гласови за да се започне со промена на Уставот, се покажа една силна волја да се заврши овој процес на почетокот на следната година, што потоа ќе и овозможи на грчката страна да ја заврши својата работа, да ги исполни своите обврски. Верувам дека сега е неопходно со сета енергија да се продолжи со овој процес и едноставно да се доведат работите до крај, до тој степен што ќе и овозможи на Македонија да се приклучи во НАТО и ќе и ги отвори вратите на ЕУ. За ова секогаш ќе има поддршка од нашата земја, вели шефот на словенечката дипломатија Миро Церар.

Според него, само со нова енергија, нов оптимизам, може да се направи чекор напред кон ЕУ, а особено кон НАТО. Словенија, повтори, силно ги поддржува актуелните напори на владата, нејзината храброст и мудрост што ќе доведе до промена на Уставот, со што, ќе и овозможи на Македонија да може да се приклучи кон евроатланскиот сојуз.

По средбите во Скопје со македонскиот државен врв (Иванов, Заев, Димитров) Церар подвлекува дека е свесен дека процесот е тежок, но и дека е легитимен и дека се заснова на поддршката од голем број македонски граѓани, поради што верува дека овој процес треба да се спроведе до крај.

-Словенија при тоа ќе помогне на сите можни начини, сите ние да разбереме дека ова е конечната одлука на македонскиот народ. Но исто така во интерес на Словенија и поширокиот регион е Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ, да стане членка на нашата Европа. Како денес Словенија, така и претставниците на Македонија да можат да седат рамо до рамо на маса со сите лидери на европските земји, бидејќи тоа несомнено ќе биде од корист за идните генерации. И затоа Словенците ќе продолжиме со нашата поддршка, рече Церар, кој присуствуваше на отварањето на новите простории на Словенечката амбасада во Скопје.

Тој потсети дека Словенија беше првата земја што отвори амбасада во Македонија и оттогаш, вели, се обидуваме да сториме сè за да и помогнеме на Македонија на сите начини како пријателска земја, за да се афирмира што подобро на европските мапи. Најави дека Словенечката амбасада во Македонија, идната година, ќе стане контакт точка за НАТО со што Словенија дополнително може конкретно да и помогне на земјата во овој процес.

-Словенија веќе има одредено искуство со тоа, бидејќи на тој начин, како еден вид ментор и помогнавме на Црна Гора кога беше во процес на пристапување во НАТО Алијансата. Од ова искуство, кога ќе бидеме контактна точка ќе и помогнеме и на Македонија. Тоа значи дека ќе и помогнеме навремено да се разменат вистински информации меѓу претставниците на НАТО Алијансата и Македонија, членовите на НАТО да бидат соодветно и навремено информирани за се што се случува тука за да не дојде до дезинформации, а во исто време да и пренесеме на Македонија информации во врска со тоа што значи НАТО Алијанса, кои се обврските, а се разбира и користа од тоа. Значи, ќе биде неопходно да се воспостави проток на информации за да се овозможат политички и други состаноци, особено стручно да се помогне во исполнувањето на дополнителни услови. За ова Словенија дефинитивно ќе знае како, бидејќи, како што истакнав, тоа веќе го правевме претходно, нагласува Церар во изјавата.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Предраг Петровиќ

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ