Центрите и Институтот за јавно здравје ќе добијат повеќе пари

Од:

На денешната владина седница е усвоена Програмата за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Македонија за 2020 година, со повисоки финансиски средства во делот за вонредни и кризни состојби во висина од 22.000.000,00 денари, за исплата на спроведени активности од страна на 10-те Центри за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Македонија во период од почетокот на кризната состојба до 20.05.2020 година.

Програма за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Македонија за 2020 година, ќе се реализира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот за оваа година, во висина од 65.000.000,00 денари од кои 55.000.000,00 денари се од Основниот буџет и 10.000.000,00 денар се од сопствени средства на Министерството за здравство.

На денешната седница се усвоени и Програмата за измена на Програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Македонија за 2020 година, Програмата за изменување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош како и на членовите на нивните домаќинства, Програмата за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности, како и Програма за изменување на Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ).

Владата денеска ја усвои и Програмата за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени, како и за спроведување на обуки за вршење на преглед на умрени лица за 2020 година, која ќе се реализира во рамките на одобрените средства согласно донесениот ребаланс на Буџетот во висина од 45.000.000,00 денари, од кои 10.000.000,00 денари од Буџетот на Македонија, а 35.000.000,00 денари од буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство.

Истата има за цел стручно усовршување, односно специјализација/супспецијализација на медицински кадар од јавните здравствени установи во Македонија со долгорочна цел подигнување на квалитетот на укажувањето на здравствените услуги во државата.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка