По цели 40 години, нова градинка во Центар

Од:

Нова, современа градинка започна да се гради на местото на старата градинка „Кочо Рацин“. Според Општина Центар градинката ќе се простира на 2.677 метри квадратни бруто или 2.155 метри квадратни нето површина, со капацитет за 180 деца.

Ова е прва градинка која се гради во Центар по цели 40 години. Општина Центар во 1974 година ја изгради последната градинка Раде Јовчевски Корчагин.

Градинката Кочо Рацин, изградена во 1964 година, беше руинирана и сите овие години не беше санирана. Ѕидовите беа од азбестни, радиоактивни плочи, исклучително штетни за децата. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе се гради од високо квалитетен, современ материјал и со звучна заштита и заштита од пожар.

Кујната и храната ќе бидат според ХАСАП стандардите и ќе има капацитет за 500 оброци, со што ќе се снабдуваат и 3-те клона на градинката.

Дворот на градинката ќе биде хортикултурно уреден, а ќе биде набавена и нова опрема за занималните.

Новата градинка, која ја гради Гранит, ќе чини 112 милиони денари, средства од буџетот на општина Центар.

Изгрaдбата на градинката ќе биде готова наредното лето.

Новата градинка беше ветувана во неколку изборни циклуси од претходните градоначалници, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он

Воспитувач во градинка во Лондон призна дека со години злоставуваше деца

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање