Центарот за вработување Штип ги презентираше мерките за вработување

Од:

Центарот за вработување Штип денеска организираше презентација за претставниците на Регионалната Стопанска Комора во Штип за актуелните финансиски мерки за вработување, но и да ги детектираат проблемите со кои се соочуваат работодавците при креирањето на новите работни места.

Раководителот на Центарот за вработување – Штип, Катица Арсова вели дека на средбата очекуваат да ги слушнат и предлозите и сугестиите на бизнис секторот, кои ќе се земат предвид при креирање на новите мерки за вработување.

Таа истакна дека во ревидираниот план е мерката за поддршка на мали и средни претпријатија за вработување на лица до 29 години, а веќе 19 фирми пројавиле интерес за оваа мерка.

Таа додава дека работодавачите се должни вработените лица до 29 години да ги задржи на работа 18 месеци.

Заменик-претседателот на Регионалната Стопанска Комора – Штип, Весна Ангеличкова вели дека бизнис секторот се надева дека од оваа средба ќе научи и ќе се информира за новите мерки за вработување.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена