ВИДЕО: Центарот за слобода побара оставка од Владата и избори на крајот на септември

Од:

Центарот за слобода „Цивил“ на протест пред Собранието побара оставка на владата поради неуспехот да го спроведе договорот за надминување на политичката криза. Според нив, терминот за предвремени избори мора да се помести најмалку до крајот на септември затоа што не се создадени услови за слободни избори на 5 јуни 2016 година.

dobivaj vesti na viber

– На Република Македонија и се потребни итни и суштински зафати во судството, пред се, во поглед на воспоставување и непречено функционирање на специјално одделение во Кривичниот суд кое ќе се занимава со предметите кои произлегуваат од работата на Специјалното јавно обвинителство. Воедно, мора да се создадат услови за ослободување на медиумите одпартискиот диктат, но и администрацијата, стопанството и општеството во целост, рече Џабир Дерала од невладината „Цивил“.

Тој вели дека државата не е одвоена од партијата, а партиите на власт продолжиле со злоупотребите, политичката корупција, кршењето на човековите права и слободи, политичката дискриминација и структурното насилство.

– Државната изборна комисија не успеа да се издигне над партиските интереси, наспроти напорите на независните експерти во нејзиниот состав. Тоа доведе до доцнење со роковите и до неквалитетен процес на прочистување на Избирачкиот список, смета Дерала.

Според него, продолжуваат партиските притисоци, закани и уцени врз гласачкото тело, пред се, врз социјално ранлиците категории на граѓани, како и врз вработените во администрацијата на локално и национално ниво.

Опструкцијата на Специјалното јавно обвинителство е повеќе од очигледна и претставува уште еден доказ за тоа дека судството, вклучително и Уставниот суд, е под партиски диктат. Наспроти тоа, гледаме дека СЈО манифестира максимален професионализам и истрајност, што влева надеж во јавноста дека е можно да се зајакнат и изградат институции кои ќе го вратат владеењето на правото во Република Македонија, велат од Цивил, од каде додаваат дека е очигледна и злоупотребата на меѓуетничките односи со „патриотски игри“ на политичките субјекти во Македонија.

Центарот за слобода повторно истакнува дека после сите овие аномалии, државата не може да има фер, демократски и кредибилни избори на 5 јуни.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски