Центарот за култура „Антон Панов“-Струмица останува со в.д. директор

Од:

Министерството за култура денеска соопшти дека во НУЦК „Антон Панов“ не е избран директор и при повторната постапка и покрај тоа што поранешниот директор Васил Бубев единствен од пријавените кандидати ги исполнил условите, но, заради тоа што прекршил законски одредби додека бил директор и тој не е избран.

-Имајќи го предвид фактот дека кандидатките Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Маннсбарт, и покрај укажувањето од Комисијата за селекција да ја достават потребната документација, тие тоа не го направиле. Поточно, едната кандидатка не доставила никаков дополнителен документ, а другата доставила сертификат кој што не соодветствува на меѓународно признаените сертификати утврдени во Законот за култура, предвидени во Јавниот оглас. Со тоа кандидатките повторно не ги исполнија условите на Јавниот оглас, стои во образложението на Министерството за култура.

Се додава дека во извештајот на Државниот Управен инспекторат било констатирано дека кандидатот Васил Бубев во периодот додека бил директор на НУЦК „Антон Панов“-Струмица, ги прекршил член 10 од Законот за административни службеници и член 43 став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор и затоа министерката Ирена Стефоска одлучила да не избере директор од пријавените тројца кандидати сè до распишување на нов Јавен оглас за избор на директор.

Одговорно лице на установата и понатаму останува досегашниот в.д. директор, Слободан Ѓошиќ.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски