Центарот за јавно здравје со превентивни мерки во случајот со западно-нилска треска

Од:

Центарот за јавно здравје од Прилеп во текот на вчерашниот и денешниот ден изврши дезинсекција на просториите каде живее тригодишното дете во Прилеп, кое беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје, заболено од западно-нилска треска.

– Извршивме дезинсекција на просториите во кои живее детето и на околните објекти иако сега е период кога комарците, кои го пренесуваат вирусот на човекот, се во фаза на ларва и скриени во земја или влажни простори. Сепак преземени се тие превентивни мерки. Во ветеринарната служба е пријавено за присуство на птици и таму треба да преземат чекори, вели Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Инаку, тригодишното детето кое прво се лекувало во прилепската градска болница и кое на 20. јануари е хоспитализирано на Детската клиника во Скопје, сега е во општа добра здравствена состојба. Се утврди дека не патувало надвор од местото на живеење, а мајката негира убод од комарец.

Од Центарот информираа дека во соседството на две локации се чуваат птици, а на 20-тина метри  постои стара, разурната  куќа, во која постојат идеaлни услови за одржување и размножување комарци, но не може со сигурност да се тврди дека посочените птици се извор на вирусот.

Ова е прв случај на западно-нилска треска во Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително