А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Центарот за јавно здравје нема да врши испитување на квалитетот на водата во Охрид?

by А1он31/01/2013 - 16:10147
Share0

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

Следете a1on на Instagram Instagram

Дирекорот на Центарот за јавно здравје од Охрид, Атанаско Михаилов рече дека центарот нема да врши испитување на квалитетот на водата од градскиот водовод од каде охриѓани пијат вода, доколку јавното претпријатие „Проаква“ не го подмири долгот кон центарот за испитувањето на квалитетот на водата.

Директорот Михаилов тврди дека Проаква за период од една година им должела околу 3 милиони денари.

„Ако не ни го платат долгот ние ќе се најдиме во ситуација да не можеме да купиме реагенси со кои што ќе ја испитуваме водата. Во случај ако настане некоја хаварија одговорноста треба да ја сноси директорот на јавното претпријатие. Тогаш под знак прашање доаѓа испитувањето на квалитетот на водата. Таа сума на пари за Центарот за јавно здравје е многу висока. Ние не располагаме со средства со кои можеме да набавуваме хемикалии и реагенси кои ни се неопходни за да ја испитуваме водата. До сега повеќе предупредувања и пуштивме на „Проаква“, повеќепати се договаравме со директорот“, рече за А1 директорот Михаилов.

Михаилов вели дека еднаш неделно од 24 позиции во градот земале мостри од вода од градскиот водовод. Михаилов кој е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид вели дека во целата оваа работа нема никаква политика и се надева дека до проблеми нема да дојде. Тие не биле буџетска институција и опстојувале од сопствени средства. Директорот на „Проаква“ Златко Старкоски, рече дека до прекин на испитувањето на квалитетот на водата нема да дојде.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Ние имаме големи побарувања и поголеми отколку што ние должиме кон Центарот за јавно здравје, од болницата Св. Еразмо и Општата болница Охрид. Така да мислам и истото беше понудено на г-динот Михаилов да направиме цесија или компензација и во целост да го затвориме долгот“, рече за телевизија ТВМ директорот Старкоски.

ohrid

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 12:56

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео