Центарот за дијализа повеќе од два часа без струја, пациентите во неизвесност

Од:

Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта бидејќи во установата моментално нема струја, а не работи ниту агрегаторот кој го поседуваат.

-Дијализата започна во 7 и 30, струја снема во 8 часот. Болницата има агрегатор, но не работи. Вработените ни кажаа дека имало некаков дефект со далеководот во Автокоманда и дека тоа е причината поради која нема струја. Не знаеме до кога ќе трае ова и до колку ќе седиме тука, вели еден од пациентите.

Ова не е прв пат пациентите да се жалат на услугите од Центарот за дијализа во Железара. Жалби досега имаше и за условите во болницата односно дека нема соодветна апаратура за дијализа па во одредени ситуации се импровизира, а исто така пациентите беа изреволтирани и од несоодветниот транспорт кој го нуди болницата за превоз на болните.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски