Центарот на Скопје без парно

Од:

Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.

– Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне, велат од „БЕГ“.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Би можело да ве интересира

Од утре парно греење за корисниците на АД ЕСМ

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски