Центар: Жерновски реализраше повеќе од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно во трите мандати

Од:

„На ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините советници не им преостанува ништо друго освен празна критика на сработеното во Центар. За жал, нивната партија која беше 13 години на власт во Центар, не може да се пофали со сработеното, но ќе останат запаметени по потрошените 55 милиони евра само преку општинската каса за проектот „Скопје 2014″.

Ќе останат запаметени по трговските центри кои нивниот градоначалник си ги изгради за сопствени потреби, а со пари на граѓаните, како и по приватизираните скапи плацови на Груевски на Водно. Ќе останат запаметени само по крупција, кримнал и своеволие.

Раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ од Центар се соочуваат со кривични пријави за поттикнување насилство врз претсавниците на општината и градоначалникот и немаат кредибилитет да напаѓаат.

Градоначалникот Жерновски во изминатите четири години реализраше повеќе од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно во трите нивни мандати. Сето тоа е изработено со нула денари финансиска поддршка од Владата и со многу сопки и опструкции.

Колку за илустрација, во последните четири години се реконструирани двојно повеќе улици и три пати повеќе зеленило во споредба со претходниот мандат на градоначалникот од нивата партија. Тие не можат да се помират со фактот дека се изгради нова градинка и се гради ново училиште кои тие за 13 години власт не ни помислија да ги градат.

Ги повикувме да одговорат, зошто за 13 години не изградиja ниеден капитален објект како градинка или училиште, а ги ветуваа на сите избори? Зошто им го наплаќаа паркингот на своите жители? Зошто го уништија Водно? Одговорите граѓаните добро ги знаат и затоа на следните локлни избори убедливо ќе ги поразат“, се вели во реакцијата на општина Центар на прес конференцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски