Центар за водени спортови наместо Студенчишко блато во Охрид?

Од:

Нераскинливата алка на Охридското Езеро и едно од најголемите природни богатства на Охрид најверојатно за брзо ќе биде само минато за градот. Само фотографиите и снимките ќе сведочат за неговото постоење.

Имено, деновиве на познатата интернет страната за проекти од архитектурата Archmedium излезе меѓународен конкурс на кој јасно се гледа дека на местото кај Студенчишкото блато ќе се гради центар за водени спортови. Локациски, центарот сместен е во крајбрежјето близу Билјанини Извори,  на територија од околу 3000 метри квадратни.

OWC - 2

Според конкурсот, се бара организација на центарот со сите потребни простории и површини за одлагање кану, едрилици, кајак, спортски реквизити, базени, администрација, кафетерија и припремни простории.

Според фотографиите на конкурсот, јасно се гледа дека и срцето на остатокот од Студенчишкото блато планирани се градби кои ќе бидат во рамките на овој центар за водени спортови. Дали одлуката за Студенчишкото блато е веќе донесена имајќи во предвид дека во јавноста излезе ваков конкурс и дали нераскинливата алка на Охридското Езеро ќе биде пресушена?

OWC

Претходно, А1он пишуваше дека според извештајот за стратегиска оцена на животната средина за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за Охрид во Урбаната заедница 17 „Студенчишта“ вметната е намена А0 – домување со посебен режим и целта на измените е да се зголеми класата на намена за домување.

Исто така, пред неколку месеци Општина Охрид, поради несериозниот однос изгуби германски средства за заштита на Студенчишкото блато кои веќе беа префрлени на сметката за проектот.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски