Центар: ВМРО-ДПМНЕ одржа уште една од серијалот неаргументирани и трагикомични прес конференции

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа уште една од серијалот јалови, неаргументирани и трагикомични прес конференции.

На ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините советници не им преостанува ништо друго освен празна критика на сработеното во Центар.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за расипничко однесување, а колку “домаќински“ работеше ВМРО-ДПМНЕ, јавноста е добро информирана преку криминалниот проект „Скопје 2014“, до улиците кои за година до две моравме да ги реконструираме повторно, општинските туристички прошетки до Фиренца и Милано, вработување на гњурци и набавки да скапи свирчиња за споменици.

Денеска, повторно зборуваа за Боемската улуца и патувањето во Париз, уште еднаш повторуваме дека градоначалникот Андреј Жерновски неколку пати произнесе информации за Боемска улица 1 и 2 и за останатите проекти реализирани во неговиот мандат. Сите цени и проекти се реализирани согласни пазарните услови и во транспарентна постапка. Ревизијата на работењето на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека близу 8 милионио евра во претходниот мандат се преплатени што е јасен индикатор за корупција. Во работењето на Општина Центар нема нетранспарентно трошење на пари, тоа е пракса на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ќе останат запаметени по трговските центри кои нивниот градоначалник си ги изгради за сопствени потреби а со пари на граѓаните, како и по приватизираните скапи плацови на Груевски на Водно. Ќе останат запаметени само по крупција, кримнал и своеволие.

Раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ од Центар се соочуваат со кривични пријави за поттикнување насилство врз претставниците на општината и градоначалникот и немаат кредибилитет да напаѓаат.

Градоначалникот Жерновски во изминатите четири години реализраше повеќе од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно во трите нивни мандати. Напоменуваме, дека сето тоа е изработено со нула денари финансиска поддршка од претходната Влада и со многу сопки и опструкции.

Во изминатите четири години се реконструирани двојно повеќе улици и засадено е три пати повеќе зеленило во споредба со претходниот мандат на градоначалникот од нивата партија. Тие не можат да се помират со фактот дека се изгради нова градинка и се гради ново училиште кои тие за 13 години власт не ни помислија да ги градат.
Од нив нема одговор зошто за 13 години не изградиja ниеден капитален објект како градинка или училиште, а ги ветуваа на сите избори?

Зошто им го наплаќаа паркингот на своите жители? Зошто го уништија Водно? Одговорите граѓаните добро ги знаат и затоа на следните локални избори Андреј Жерновски ќе ги победи убедливо.

Со вакви празни партиски прес конференции, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека нема реален интерес за општината и знае дека тука битката за изборите е однапред изгубена“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска