Центар: Преземени се сите превентивни мерки за безбеден тек на наставата во училиштата

Од:

Општина Центар известува дека ги презема сите превентивни мерки за безбеден тек на наставата во училиштата за учениците што ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение, како и успешна реализација на онлајн настава за повисоките одделенија.

На последната 52. Седница на Советот на Општина Центар, усвоени се точките за предлог – измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар за 2020 година, кои ќе бидат наменети за набавка на информатичка опрема за организарање онлајн настава со вкупен износ од 3.000.000, 00 денари.

– Со усвојување на овие точки од ребалансот на буџетот, училиштата во Општина Центар ќе бидат надоградени со информатичка технологија каде ќе се зголемат капацитетите потребни за успешна реализација на воспитно – образовниот процес за учениците кои ќе посетуваат онлајн настава. Наставниците и стручните соработници се соодветно обучени за примена и спроведување на наставата на националната платформа за образование, велат од Општината.

Во овој период, Општина Центар обезбедува донации за финансиска помош и набавка на персонални компјутери за поддршка на учениците и наставниците. На сите кои имаат потреба, општината ќе се обиде да им обезбеди помош за полесно следење на онлајн наставата и користење на услугите од националанта платформа за образование.

Осумте основни училишта во Општина Центар располагаат со сите потребни капацитети за доследно почитување на протоколите и обезбедување на потребните безбедносни и хигиенски услови за учениците, наставниците, стручните и админитрартивните служби за непречено одвивање на наставата. Во училиштата се обезбедени потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и табли со инструкции, едукативни постери и маркери за слободно место на училишните клупи, информираат од Општината.

„Наставата со физичко присуство тече во најдобар ред и најмалите ученици ги почитуваат сите мерки за безбеден тек на наставата и престојот во училиштето. Исто така, онлајн наставата се одвива по предвидениот распоред, каде сите наставници и ученици се вклучени. Во моментов се организираме за продолжен престој на учениците, што се надевам веќе од следната недела ќе биде во функција. Продолжениот престој ќе биде согласно препораките на МОН и Комисијата за заразни болести“, изјави Светлана Масларевска, директорка на ООУ „Коле Неделковски“.

Овој тренд за грижа на учениците и успешна реализација на наставата ќе продолжи со континуирани активности за дезинфекција и овозможување безбедни просторни услови за учениците кои ќе посетуваат настава со физичко присуство.

„Ковид пандемијата значајно ги зголеми предизвиците со кои се соочуваат образовните институции во целиот свет. Затоа, сега повеќе од било кога е неопходна соработката со учителите, како би го заштитиле правото на образование и да го прилагодиме на новите околности кои ги донесе пандемијата“, изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Пред почетокот на учебната година, како што информира Општината, овластена компанија, изврши темелна дезинфекција во внатрешноста и на надворешните делови на општинските основни училиштата во Центар, просториите за вработените, помошните простории, како и сите работни површини каде што учениците ќе имаат контакт при следење на наставата за време на училишниот престој.

Би можело да ве интересира

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Жарко Настоски

Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Жарко Настоски

Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Маја Илиевска-Пачемска

Општина Центар по 12 години сама ќе одлучува за летните тераси, Градот ѝ ги предаде надлежностите

Жарко Настоски