Центар ќе забрани изградба на пат до парцелата на „Маркеза“ на Водно за која веќе е дадено одобрение за градење

Од:

Откако не најде начин да го поништи веќе издаденото одобрение за градење на „Маркеза“ на Водно, Општина Центар ќе ја забрани изградбата на патот кој води до оваа и до соседните парцели до кои сега нема пат. Од Општината велат дека ќе побараат да се додаде точка на дневен ред на денешната седница за стопирање на постапката за патот.

„Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес, на редовната 11-та седница на Совет на Општина Центар ќе побара дополнување на дневниот ред со нова точка која се однесува на стопирање на постапката за изведба на пристапен пат до делот од Блок 10 од Деталниот Урбанистички План Ј 07 – локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, каде се наоѓа и градежната парцела на инвеститорот ‘Маркеза’ ДООЕЛ. На сите градежни парцели во парк шумата Водно до кои нема пристапен пат, нема да се одвиваат никакви градежни дејствија и парк шумата ќе остане недопрена“, велат од Општина Центар.

Водњанци, неколку дена пред Нова година, алармираа дека се сече шумата на Водно во продолжение на улицата Питу Гули за изградба на нов објект чиј инвеститор е „Маркеза“. Тие побараа Општина Центар да го поништи веќе издаденото одобрение за градење, како што им било ветено на многуте средби кои ги имале со општинарите околу заштита на Водно од нови градби. Една од нивните главни забелешки за веќе издаденото одобрение за градење е токму пристапниот пат, без кој не можеле да добијат одобрение за градење и поради тоа бараа да се поништи.

Инвеститорот, пак,„Маркеза“, се изјасни дека нечесно се води медиумска хајка против нив и објаснија дека земјиштето го купиле во 2020 година за 600.000 евра од приватни сопственици и планираат да градат не зграда туку семејна куќа.

Освен парцелата на „Маркеза“ во овој дел на Водно има и други парцели за кои се веќе издадени одобренија за градење иако до нив нема пристапен пат.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов