Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, по големиот број на пријави на граѓани, започнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите локали, соопшти општината.

„Во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење на бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави. Апелираме до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање на гласна музика, да се придржуваат до
постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност“, велат од Центар.

Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, од општината најавуваат дека ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина.

Би можело да ве интересира

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

Неделава ќе се утврдува кој ќе ги проверува граѓаните дали се вакцинирани, пред да влезат во кафуле или во ресторан

Мери Јордановска

Владата и МЗ со различни ставови – ќе смеат ли воопшто невакцинираните лица да влегуваат во ресторани и кафулиња?

Мери Јордановска

Бектеши: За да одите по кафулиња и ресторани, треба да сте вакцинирани

Катерина Павлова-Николовска

Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Жарко Настоски

Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Маја Илиевска-Пачемска