Центар ќе ја урива дивоградбата на Панчевски, дали ќе го спасува Државната градежна инспекција

Од:

Центар ќе ја урива незаконската градба на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски освен ако повторно не проработат партиските врски и да се одземат ингеренциите на општина Центар од страна на Државниот градежен инспекторат. Претседателот на Кривичен суд, и дел од фамилијата “издрадиле“ незаконски 560 метри квадратни во строгиот центар на Скопје, иако нивното барање од мај оваа година за зголемување на габаритот и за градба било одбиено. Но и покрај ова, претседателот на Кривичниот суд каде се дели правда, продолжил да гради без одобрение што е кривично дело.

Токму за да биде иронијата поголема, експресно за 24 часа по жалбата на близок роднина на Панчевски, обвинителството на Марко Зврлевски ја процесуира пријавата во која се наведува дека “не им бил даден рок од 30 дена за услогласување на градбата. По оваа пријава пак треба да постапува Кривичниот суд каде претседател е токму Владимир Панчевски и затоа општина Центар бара изземање на судот.

Според законот, инвеститорите може да бараат рок за усогласување доколку имаат дозвола за градење или настанале измени во ДУП или проектот, а во овој случај семејството Панчевски немале дозвола за градба и не може да се повикуваат на рокот од 30 дена.

Оваа постапка како и експресната пријава од фамилијата Панчевски за надлежниот градежен инспектор кој го издал решението за уривање на незаконските два спрата не го спречува извршувањето.

-До градоначалникот е доставено барање за јавна набавка за уривање која треба да заврши за три дена. Општина Центар нема да подлегне на притисоците и ќе ја продолжи постапката за уривање на објектот бидејќи Панчевски и фамилијата немаат одобрение за градење туку само за реконструкција на објектот и поставување лифт за изнемоштени лица. Тие немаат дозвола за зголемување на габаритот, а тоа што сега се гради отстапува за 560 метри квадратни, вели Кочо Стојчески, раководител на секторот за инспекциски работи во општина Центар.

Дали повторно ќе гледаме сега како Државната гредежна инспекција која најавила дека и утре ќе дојде во општината, по партиски налог ќе ги одземе ингеренциите на општина Центар и за овој случај за да ја заштити незаконската градба на Владимир Панчевски.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он