Центар ќе го реконструира „Матично“, а ќе го користат младински здруженија и невладини организации

Од:

Некогашното „Матично“, кое се наоѓа во задниот дел од дворот на Општина Центар, ќе биде предадено на користење на заинтересираните младински здруженија и невладини организации, а дел ќе биде наменет за потребите на администрацијата на општината, информираат од Центар.

„Бараката, Владата и ја предаде на Општина Центар, а општината комплетно ќе ја реконструира и преуреди, за што распиша јавен оглас за избор на најповолен изведувач на градежно занаетчиски работи.

Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 25 септември во 10:00 часот, кога ќе се спроведе јавното отворање“, се наведува во соопштението на Општината.

Како што информира Центар, реконструкцијата ќе опфати нова фасада и покрив, внатрешно уредување, реконструкција на санитарен јазол, промена на внатрешниот водовод, реконструкција на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем и громобранска и против пожарна инсталација.

„Работите ќе започнат веднаш кога се одбере фирмата изведувач и се очекува да завршат до Нова година. Целиот зафат ќе чини околу 6 милиони денари. Дел од средствата се добиени како донација од УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а дел се сопствени средства од буџетот на Центар“, соопштува Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ