Центар го достави решението за прекин на градбата спроти МНР

Од:

Овластен градежен инспектор на општина Центар излезе на терен и го достави решението за прекин на градбата спроти МНР.

Претходно претставник на фирмата бил во општина Центар но не сакал да го земе решението за прекин на градбата со образложение дека е работник и не е овластен да прима решенија. Веднаш потоа, градежен инспектор излегол на местото каде се гради објектот каде повторно никој не го земал решенито за прекин на градбата. Од општина Центар наведуваат дека решението е оставено, и се смета дека е уредно примено со што тече рокот во које стопирана градбата.

Вчера, овластен инспектор излезе на терен за да утврди што се случува и кои се причините за големото количество вода кое се излева во ископ на градба која се наоѓа во близина на МНР.

„Инспекторот констатирал дека фекалиите од пукнатата канализациониона цевка ги превзема ЈП “Водовод и канализација”, а водите од пукнатата цевка од атмосферска канализација одат во ископот на објектот.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за прекин на градба, а инвеститорот да се пренасочи на работа на обезбедување на земјиштето и на соседните објекти. Се испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар констатираше дека на местото нема табла со назнака за видот на градба и кој е инвеститор и изведувач. Од лицата од фирмата било објаснето дека табла имало, но и таа отишла со ископот“, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов