Цементарница УСЈЕ: Не сме причинител на загадувањето на воздухот во Скопје

Од:

Сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во Скопје, немаат логика какви било блокади на Цементарницата, се посочува во соопштението од компанијата испратено до јавноста во врска со протестот најавен за утре од активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција.

Компанијата потенцира дека моментно, од вкупната количина на енергенси што ги користи, на алтернативно гориво отпаѓа четири проценти.

УСЈЕ ништо не крие и постојано е отворена за сите заинтересирани граѓани, активисти и невладини организации, затоа што, како што наведуваат, веруваат во отворена, аргументирана и одговорна дебата.

Од компанијата потесетуваат и дека досега неколку пати директно упатиле покани до активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција за да ги потсетат за детално да се запознаат со начинот на работа на Цементарница и во отворен и директен разговор да ги разменат аргументите.

Континуираните 24-часовни независни мерења, врз кои немаме можност да влијаеме, покажуваат дека емисиите на Цементарница се постојано под, а во делови и неколкукратно пониски од законски дозволените вредности, наведуваат од Цементарницата.

Од УСЈЕ посочуваат и дека минатата година започнале со користење алтернативни горива во целосно транспарентен процес, а на новата инвестиција и претходеле јавни расправи, презентации и информации до медиумите, јавноста, невладините организации, граѓаните и институциите.

Во УСЈЕ, моментно, од вкупната количина на енергенси што ги користиме, на алтернативно гориво отпаѓа четири проценти, стои во соопштението на Цементарница УСЈЕ.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Цементарница УСЈЕ: Неосновани, неточни и целосно паушални се обвинувањата дека сме „најверојатно најголем индустриски загадувач“ во Скопје

O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Горан Наумовски

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски