Целосно реновирано училиштето „Владо Тасевски“ во Карпош

Од:

Учениците од основното училиште „Владо Тасевски“ , од денеска ќе учат во многу подобри услови.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски,  го пушти во употреба целосно реконструираното основно училиште “Владо Тасевски.

Во рамките на реконструкцијата на ова училиште се изврши замена на завршната покривна покривка од салонит табли, со поцинкуван пластифициран лим, поставување на термоизолација под лимот, од тервол со дебелина од 15см како и поставување на снегобрани и нови хоризонтални и вертикални олуци, исто така од поцинкован пластифициран лим.

Покрај ова се изврши замена на постоечките дрвени прозорци, со нови ПВЦ со седум комори и трислојно КА стакло како и окапници на прозорите од поцинкуван пластифициран лим.

Изведена е нова фасада со термоизолација од 10см од стиропор, изградени се нови преградни ѕидови со кои се оформија три нови училници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош