Царовска: За 15 проценти ги зголемуваме сите права за попреченост

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска денеска во дворот на семејство во Драчево се сретна со мајки на деца со попреченост. Царовска со родителите разговараше за можностите за користење на правата и услугите што ги нуди реформираниот систем за социјална заштита и она што го нуди предизборната програма на Коалицијата Можеме за следните 4 години.

– СДСМ е партија што ги препознава и одговара на потребите на лицата со попреченост и останатите ранливи лица. Во изминатиот период целосно го реформиравме системот за социјална заштита. Немаме повеќе деца во институции. За прв пат обезбедивме финансиска поддршка од 8.000 денари за лицата со тешка и најтешка попреченост. Развивме целосно нови услуги како што се персонална асистенција и нега и одмена во домот, рече Царовска.

Во новиот мандат, најави таа, продолжуваме да се грижиме за најранливите и сите права за лицата со попреченост ги зголемуваме за 15 проценти.

– Воведуваме и целосно нови услуги на локално ниво кои ќе го олеснат животот и ќе допринесат за поголема социјализација и на децата и лицата со попреченост и на нивните родители, рече Царовска.

Поддршката на СДСМ на претстојните избори, нагласи Царовска, е од суштинско значење за да може да продолжат започнатите реформски процеси и да не дозволиме некој да го урне досега изградениот систем. Сите заедно можеме да направиме многу повеќе за лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ